We use cookies in this website. Read about them in our Политика за приватност. To disable them, configure your browser properly. If you keep using this website, you are accepting those.
OK

Амуљани е грчки остров што се наоѓа во северниот дел на Егејското море и претставува единствен населен остров на Халкидики со должина со приближно 4,5 квадратни километри до максимално 6 квадратни километри, додека ширината не надминува 2,5 км. Во моментов на островот живеат само околу 630 жители. Островот се наоѓа во близина на Уранополис, кое е последното село пред монашката заедница во планината Атос. Островот Амуљани е исто така опкружен од доста помалите и ненаселени острови Дрења, Пена и Артемис.

Островот Амуљани, сѐ до 1922 беше во зависност од Манастирот Ватопеди на планината Атос, а подоцна беше населен од грчки избеглици кои се доселија од островите во Мраморниот регион, во близина на Истанбул.

На домашните жители островот им е добро познат како место за риболов. На крајот на краиштата, веднаш по туризмот, риболовот е основно занимање за островјаните.

Помеѓу западниот ‘рт, наречен Кокино и источниот ‘рт наречен Тригона, се наоѓаат голем број мали заливи и прекрасни песочни плажи. Постојат прекрасни објекти за сместување што се достапни во текот на летото. На западниот дел од островот се наоѓа прочуената плажа Аликес, а источно се наоѓа прекрасната плажа наречена Гастри. Мошне блиску до Амуљани се наоѓаат ненаселените островчиња: Гајдуронисја, Дрења, Пена и Артемис кои се одликуваат со прекрасни песочни плажи. На двете крајбрежја, но и на копното на Амуљани, може да се изнајмат моторни бродови и да се организираат дневни излети на овие острови.

Прекрасните песочни плажи се соодветни за нуркање, бидејќи плажите таму се убави, со формации од неправилни карпи што се протегаат мошне длабоко во Егејското море.

Најблискиот аеродром е „Македонија“ во Солун, до кој можете да стигнете за околу 100 минути, со автомобил, автобус или со помош од тур-операторите.

Гостите во Амуљани ќе имаат прилика да ги посетат светски познатите манастири сместени високо на падините на планината Атос.

Амуљани може да им вети на сите посетители одмор полн со радост, историја и култура. Тука, на островот со топли и пријателски расположени луѓе, подгответе се за одмор што ќе ги исполни сите ваши потреби!

Ammouliani 360° Tour

Фотографии од нашиот остров